среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 58

Ставрески: По економски раст, Македонија повторно ќе биде меѓу најдобрите во Европа

Претприемништвото е потенцијалот и ’рбетен столб за динамичните економии и преку 85 отсто од новите работни места во Европа денес се креираат преку малите и средните претпријатија, истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

stavreski-porast-budzetskite-prihodi

Поврзани вести

Претприемништвото е потенцијалот и ’рбетен столб за динамичните економии и преку 85 отсто од новите работни места во Европа денес се креираат преку  малите и средните претпријатија, истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и министрите за финансии и за транспорт и врски, Зоран Ставрески и Владо Мисајловски, се осврнаа на политиките, проектите и реформите во изминатите години со кои државата успеала да помине со полесни последици во светската криза и европската должничка криза во рамки на денешната трибина која беше посветена на економијата, инфраструктурата и претриемништвото, а се реализира во организација на ВМЕО – ДПМНЕ.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески рече дека претприемништвото е потенцијалот и ’рбетен столб за динамичните економии и дека преку 85 отсто од новите работни места во Европа денес се креираат преку  малите и средните претпријатија. Посочи три апсекти на претприемништвото – се креираат нови бизниси (како на пример ИТ-секторот), се креира ново богатство и се креираат промени во социјалното живеење.

Ставрески рече дека Македонија во изминатите години добро се справила со предизвиците и има остварено стапки на раст кои се меѓу највисоките во Европа.

И во 2015 година стапката на раст на македонската економија ќе биде околу 3,5 проценти, што е меѓу 5-6 највисоки стапки на раст во Европа. Секоја година во континуитет го остваруваме тоа, што покажува дека нешто правилно работиме и дека правилно се поставени економските политики, истакна Ставрески.

Најчитани вести