Македонија

Ставрески: Поддршка од СБ за финансирање два инфраструктурни проекти

Ставрески: Поддршка од СБ за финансирање два инфраструктурни проекти

Има начелна поддршка од Светска банка за поддршка на два проекта во Македонија – патот од Ранковце до Крива Паланка, а потоа и до границата со Бугарија, и за гасификацијата во Република Македонија, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески по средбите со претставници на Светска банка во Вашингтон каде што учествува на пролетните средби на СБ и ММФ, пишува МИА.

– На состанокот со Светска банка разговаравме за конкретни проекти што ќе бидат во поддршка на економскиот раст и добивме уште еднаш уверување дека има прогрес во подготовката на два значајни проекти за оваа година да бидат одобрени. Едниот е за септември, тоа е патот од Ранковце до Крива Паланка во првата фаза, а подоцна и втората фаза ќе следи од Крива Паланка до бугарската граница. И очекуваме Бордот на Светска банка во септември да го одобри тој проект, посочи вицепремиерот Ставрески.
Додаде дека вториот проект за кој исто така имало начелна поддршка од Светска банка и Европската банка е за гасификацијата во Република Македонија.
Додаде дека вториот проект за кој исто така имало начелна поддршка од Светска банка и Европската банка е за гасификацијата во Република Македонија.
Штом се заврши првиот дел што го работиме со клириншки долг, да продолжи гасификацијата и на тој начин да се заокружи целокупната гасификациска мрежа во Македонија со финансиска поддршка од Светска банка и ММФ, истакна Ставрески.

Тој потенцира дека пролетните средби на ММФ и Светска банка се можност за директни средби со раководствата на Светска банка и ММФ, и можност да се добијат повеќе информации за состојбата во европската економија.

– Пораките што оваа година се пренесуваат се дека земјите треба да бидат фокусирани на потикнување на економскиот раст преку различни мерки. Може да се очекува и оваа година дека цените на нафтата ќе останат на ниско ниво, може да се очекува дека стаболноста на цените ќе се задржи и она што треба да се направи во следниот период е да се види како Македонија во тие околности може да оствари повисок економски раст во однос на останатите земји, односно да го продолжи добриот тренд кој заеднички констатиравме со луѓето од Светска банка и ММФ дека е добар и дека Македонија има повисок економски раст од другите земји во регионот, потенцира вицепремиерот и министер за финансии.

Тоа, смета тој, главно се должи на работењето на компаниите и во слободните економски зони и надвор од зоните заради добрата бизнис клима во земјата, како и на поддршката што преку буџетот и капиталните инвестиции во вид на инфраструктурни проекти се реализраше во изминативе две години.

– И двете работи ќе продолжат и во следниот период бидејќи имаме најава за дополнителни инвестиции. Сето тоа создава добри предуслови Македонија да го продолжи економскиот раст, да продолжи намалувањето на невработеноста и во тој дел да имаме повеќе инвестиции отколку што имаат останатите земји, рече Ставрески.
На пролетните средби на Светска банка и ММФ покрај Ставрески и е и гувернерот на НБРМ Димитар Богов.
Тој истакна дека со оглед на тоа што македонската валута е врзана со еврото, како тоа се движи спрема доларот, така се движи и денарот спрема доларот.
– Нашата економија главно извезува во европската економија и од тој аспект не очекуваме никакви негативни импликации, напротив можни се одредени позитивни ефекти затоа што нашите производители ќе бидат поконкурентни на европскиот пазар во однос на производителите чии цени се изразени во долари. Исто така, во прилог ни оди и намалувањето на цената на нафтата, иако доларот зајакнува, намалувањето на цената на нафтата конмпезира за зајакнувањето на американската валута и засега се позитивни ефектите врз нашата економија, истакна Богов.
Додаде дека на средбите биле разменети мислења за ризиците во светската економија, и оти македонската економија е доста добро позицирана да издржи шокови од било кои посочените ризици.
Вицепремиерот и министерот за финансии Зоран Ставрески и гувернерот на НБРМ Димитар Богов имаа средби со Извршниот директор на Светска банка Френк Хемскерк, со Регионалниот директор за Југоисточна Европа и Азиската Светска банка Елен Голдштајн, со новиот Извршен директор на ММФ Мено Снел, со новиот шеф на Мисијата на ММФ Џесмин Рахман, како и со Лора Так, потпретседател на Светска банка за Европа и Централна Азија и ИФЦ.