Ставрески: Пораст на буџетските приходи за 14 отсто

Во првите шест месеци од годинава забележан е пораст на буџетските приходи во однос на минатата година. Како што посочи вицепремиерот и министерот за финансии Зоран Ставрески, буџетските приходи се подобри  од очекувањата и планираното, натфрлија во првите шест месеци и се за 14 отсто повисоки од лани.

– Буџетот изненади со добри приходи кои се за околу 14 проценти повисоки од буџетските приходи во првите шест месеци лани или, прибрани се околу шест процентни поени повеќе од што се планираше, рече Ставрески Ставрески на синоќешната прeс-конфренција за ребалансот на Буџетот.

Ребалансот не е кратење на буџетите

Покрај тоа што накратко се осврна на евидентниот пораст на буџетските приходи, Ставрески

На денешната седница беше усвоен ребалансот на буџетот за 2015
Усвоен ребаланс на буџетот за 2015

говореше и за актуелниот ребаланс на буџетот, кој ќе вклучува поместување на позициите во однос на потребите.

Тај нагласи дека Буџетот во првата половина од годинава е во добра кондиција и потенцира дека ребалансот не вклучува кратење на буџетите на ниту еден  буџетски корисник, туку претставува поместување  на одредени позиции таму кадешто поради одредени политики, мерки и активности треба да се додадат средства или кадешто проектите се одвиваат подобро од првично планираното.

– Се работи за измена која не е голема по обем и која вклучува поместување на позициите таму каде политиките, мерките и проектите на Владата го налагаат тоа без да ги измести основните макроекономски параметри, истакна вицепремиерот.

Во првите три месеци раст на економијата за 3,2 проценти

Министерот информира дека појдовните претпоставки за изработка на ребалансот вклучуваат и ревидирање на проекциите за БДП и за движењето на приходната и расходната страна, нагласувајќи дека БДП за 2015 година е ревидиран на 3,5 процентен раст, а буџетскиот дефицит ќе изнесува 3,6 проценти од БДП.

Буџетските приходи во првите шест месеци се за 14 отсто повисоки од лани
Забележан е пораст на буџетските приходи во однос на минатата година и раст на економијата

Ревидирањето на БДП, прецизира, се базира на два факта – дека во првите три месеци од годинава имаше солиден раст на економијата од 3,2 проценти, но во вториот квартал, како што рече, имаше пролонгирање на политичката криза во земјава и незвесност заради должничката криза во Грција. Тоа, додаде, е фактор на ризик кој бара ревидирање на вкупните проекции и затоа Владата и Министерството сметаа дека проекцијата за БДП треба да се ревидира од 4 на 3,5 проценти.

Со ребалансот се предвидува на приходната страна зголемувањето на приходите да изнесува 3,562 милијарди денари.

– Тоа е резултат на повисоките даночни приходи кои согласно новата проекција ќе бидат за 6.051 милијарди повисоки од првично планираните. Неданочните и капиталните приходи ќе бидат пониски за 1.73 милијарди денари од првобитно предвидените, рече министерот и вицепремиер Старврески.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.