Ставрески: Повеќе капитални инвестиции во буџетот за 2016.

За изградба на патишта предвидени нови 21 милијарда денари
За изградба на патишта предвидени нови 21 милијарда денари

Предлог-буџетот за 2016 година, што го усвои Владата, денеска го образложи вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески кој рече дека тој има развојна компонента претставена преку повисокиот износ на капитални инвестици и стабилност за ранливите категории, објави МИА.

Вкупните расходи според предлогот се проектирани на 176.804 милиони денари, кои се за 6 проценти повисоки од оние во 2015 година, а вкупните приходи се проектирани на 195.788 милиони денари каде има зголемување за 4,7 проценти во однос на 2015 година.

Буџетскиот дефицит ќе изнесува 18.984 милиони денари и ќе биде 3,2 проценти од БДП.

Капиталните инвестиции, како што рече Ставрески, се планирани на 25.092 милиони денари каде има зголемување за 12,9 проценти во однос на 2015 година.

Растот на економијата се очекува да биде 4 проценти од БДП, а инфлацијата 2 проценти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.