Ставрески: Пречистителната станица во Прилеп е еден од најголемите инфраструктурни зафати

Работите на еден од најкрупните проекти во регионот, пречиститечната станица во Прилеп се одвиваат без застој, а според временските услови очекуваме во текот на годинава да биде готова, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески при денешната посета на локацијата каде се одивааат работите.

Пречиститечната станица е еден од најкрупните проекти, заедно со обновата на канализационата мрежа, еднаш засекогаш ќе го реши прашањето за третман и прочистување на отпадните води за градот Прилеп. Се работи за проект финансиран од ИПА програмата на ЕУ заеднички финансиран со македонската влада во вкупна вредност од 26 милиони евра, од кои 10 милиони евра е пречистителната станица, а 16 милиони евра е обновата на канализацијата. До крајот на годинава треба да биде готова, а обновената канализациона мрежа од 65 километри да биде готова до пролет 2017 година, изјави Ставрески.
Според градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, овој проект, заедно со проектите за водоснабдувањето и за изградба на фабрика за селектирање на отпадот, се подобрува животот за граѓаните во Прилепско.
– Овој проект, финансиран со средства од ЕУ и од буџетот на Република Македонија, претставува еден од најзначајните проекти во Прилеп. По решавањето на проблемот со водоснабдувањето, решавањето на проблемот со третманот на отпадните води ќе претставува од голема важност и заедно ќе значат подобрување на условите за живеење во идниот период во Прилеп. Нареден проект е изградба на фабрика за селектирање на отпадот. Со овие три проекти Прилеп ќе се вбројува во градовите кои ќе имаат европски активности, рече Ристески.
Директорот на прилепски „Водовод и канализација“ кое ги кординира работите за изградбата на пречистителната станица, Сашо Николоски нагласува дека ќе се стигнат роковите и за обновата на канализационата мрежа и за пречистителната станица.
– Работите во двете фази се во тек и тоа за реконструкција на канализационата мрежа и за изградба на пречистителната станица. Првата фаза за изградба на канализационата мрежа од 23 километри заврши, почна втората фаза на изградба на уште 45 километри од канализационата мрежа. Се интензивираат активностите за изградбата на станицата која ќе биде готова до крајот на годинава, вели Николоски.
Вицепремиерот Зоран Ставрески ги посети и погоните на текстилната фабрика „Тритекс“ во Прилеп која гради и нов погон во индустриската зона „Прилеп1“ со што ги проширува капацитетите, ќе вработи нови работници и ќе го зголеми пласманот на странските пазари.
Попладнево од 15,30 часот во големата сала на локалната самоуправа Ставревски ќе го промовира проектот „Купи куќа за млади“, за што во Прилеп се одвоени 370 плацеви во населбата „Градина“.