Ставрески: Продолжуваме со инвестиции и отворање нови работни места

Граѓаните треба да бидат сигурни дека со сите мерки кои ние ги правиме, со сите политики, посебно со односот кон бизнисмените коишто никогаш не ги потценуваме како што тоа го направи Заев и СДСМ ние разговараме со нив и тогаш кога имаат проблеми и тогаш кога имаме добро или лошо нешто со нив да споделиме со споделуваме и наоѓаме заеднички решенија.

Ова го посочи вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на денешната прес-конференција, потенцирајќи дека бизнисмените можат да сметаат на сигурност, на стабилност и да продолжат со инвестициите и со отворање на работни места.