недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 1

Ставрески: СДСМ има само еден проект -предизвикување кризи на вештачки начин

Тој потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ постојано е меѓу граѓаните, а СДСМ политиката ја води од канцеларија.

Ставрески: СДСМ има само еден проект -предизвикување кризи на вештачки начин

Ставрески: СДСМ има само еден проект -предизвикување кризи на вештачки начин

Последни вести

Министерот за финансии, Зоран Ставрески е предводник на тимот на владејачката партија која одржа трибина во Росоман.

-Минатата година беше тешка година кога цела Република Македонија беше ставена во заложништво на опозицијата, година во која што се случи една од најголемите политички кризи. Опозицијата постојано бара различни начини да предизвика некаква криза, некаков проблем во државата и на тој начин да го спречи реализирањето на проектите и програмата која ние ја договараме со граѓаните и која е значајна за подобрување на животот. Во некои ситуации тоа се манифестира преку бојкотот на Собранието, преку непризнавање на изборите, излегување на улици, напади врз полицијата… Едноставно немаше период во кој СДСМ се однесува деструктивно, не само наштетувајќи на ВМРО-ДПМНЕ и на Владата, туку наштетувајќи и на државата и на граѓаните, рече Ставрески.

Тој вели дека ваквото однесување на СДСМ не е случајно, бидејќи за разлика од ВМРО-ДПМНЕ како партија која има илјадници проекти и програма, СДСМ има само еден проект „предизвикување на кризи на вештачки начин“.

Ставрески пред граѓаните се осврна на дел од значајните проекти, како на пример „Купи куќа за млади“.

-Овој проект ќе овозможи во следниот период сите млади луѓе кои имаат до 35 години да можат да дојдат до сопствен дом. Владата ќе субвенционира осум години по 80 проценти  од месечната рата од банкарскиот кредит. Потоа уште три години, Владата ќе исплаќа уште 50 отсто од ратата. Ако некој земе кредит од 30000 евра од банката, ратата изнесува 200 евра месечно. Сега наместо 200 евра да плаќа граѓанинот, 8 години, секој месец само 40 евра треба да плаќа, а 160 ќе плаќа Владата за месечната рата. Потоа три години, 100 евра од тие 200 ќе плаќа Владата, а 100 евра граѓанинот, рече Ставрески.

Најчитани вести