Ставрески: СДСМ стана многу деструктивна политичка партија

СДСМ стана многу деструктивна политичка партија која што о стави во грч сиот народ во Република Македонија со начинот како се однесува во последнава година, со бројните афери и лаги и невистини што ги фабрикуваа во изминатиов период, порача членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Ставрески на трибината „На Македонија и треба твојата идеја“ што вечерва се одржа во Новаци.

Врв на сето тоа е последната афера, последниот скандал којшто се случува преку фалсификатите што ги откри Јавното обвинителство и стручните служби на полицијата преку кои се обидоа да ги дискредитираат врвните функционери на ВМРО-ДПМНЕ и преку фалсификување на лажни патни исправи на лични карти и на банкарски сметки да се обидат да направат афери за раководството на ВМРО ДПМНЕ, рече Ставрески.

Тоа, нагласи, покажува дека СДСМ го стигна не дното, туку како што велат двојно дно и таман кога ќе помислиш дека неможат пониско да се спуштат тие доаѓаш до информации дека имаат нова афера и уште од пониско од тоа се спуштаат, го сведуваат политичкиот натпревар на нешто што тој не треба да биде.

Политичкиот натпревар не треба да биде гладијаторство, политичкиот натпревар треба да е натпревар на идеи, треба да е натпревар на проекти, треба да е натпревар во кој ќе настојуваме преку различни програми да им понудиме на граѓаните подобар живот. За жал наспорти економските состојби во државата и резултатите што се остварени посебно во делот на намалување на невработеноста каде што размислуваме да обезбедиме куќи за млади луѓе каде што размислуваме како да ги зголемиме субвенциите и слично, од другата страна имаме работа со луѓе коишто размислуваат деструктивно, истакна Ставрески.

Потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ прави проекти, фабрики, услови да се отворат фабрики во коишто луѓето ќе се вработат и ќе примаат плата и со таа плата ќе го издржуваат семејството.

Правиме фабрики во коишто се произведуваат автобуси, фабрика како што е Џонсон Мети или Џонсон Контролс во коишто се призведуваат автомобилски делови и кои се извезуваат од РМ. А што прават нашите политички конкуренти, тие прават фабрики за производство на фалсификувани документи, фалсификувани пасоши, фалсификувани лични карти или фабрики за купување на новинари како што имаа пред некоја година, рече Ставрески.

Тоа, посочи, е разликата во концептот и во пристапот на начинот на работење.

Тие тоа го прават затоа што немаат капацитет за нешто друго, немаат капацитет за конструктивност, немаат капацитет за проекти, немаат капацитет да осмислат што е добро за луѓето. Еве два месеца се во власта преку партиципација на министерски и заменички министерски позиции и дали некој од вас во овие два месеци слушнал некоја корисна идеја за граѓаните или позитивна идеја од било кој нивни министер или заменик министер, праша Ставрески.

Прво што пробаа, додаде, беше да направат проблем за буџетот за да не можеме редовно да ги исплатиме субвенциите или пензиите за да ни нанесат некаква политичка штета, а всушност им штетат на граѓаните.

Тие не размислуваат дека директно ќе им наштетат на земјоделците и на пензионерите единствено им е битно да направат штета. Се разбира тоа нема да им помине и нема да дозволиме додека ВМРО ДПМНЕ на власт.Ќе ги штитиме и земјоделците и пензионерите и сите граѓани во државата, вети Ставрески.

Граѓаните, нагласи, се многу помудри од сите политичари заедно и знаат што да проценат добро што се случува.

Тие знаат да оценат кој ги штити националните интереси на земјата, кој работи против националните интереси. Кој ги штити се виде во Куманово кога нашата полиција со храбра и пожртвувана акција спречи терористички напади во поголемите градови во РМ и каде храбро животот го положија нашите полицајци, а во исто време СДСМ удираше врз нашата полиција. Таму се виде кој е кој и кој го штити националниот интерес на граѓаните на РМ, истакна Ставрески.

Навистина е несфатливо, додаде,  дека некој на толку ниско ниво се спуштил да личниот или партискиот интерес го стави пред интересот на сопствената држава и да ги држи во грч сопствените граѓани.

Во такви околности единствената опција што колку толку е добра е организирањето на предвремени избори. Велам колку толку добра бидејќи само тоа беше излезно решение што овозможуваше по мирен пат со избори, со демократски избор на граѓаните да се дојде до одговорот на прашањето и да се тргне целата политичка магла и да се дојде до одговорот на прашањето кому навистина народот му верува и кој народот сака да го води понатаму и да ја води државата понатака. Јас сум убеден дека во април уште помасовно, уште пожестоко, уште подостоинствено, уште попатриотски граѓаните ќе излезат на изборите и ќе го кажат својот збор. Ќе издржиме како што издржавме досега, ќе ги поразиме за да никогаш повеќе тие не бидат дел од политичката структура во РМ, порача Ставрески.