Ставрески: СДСМ се обиде преку ветото да ја дестабилизира македонската економија

Ова е вообичаен стил. Ние сме партија која црпи свои идеи од граѓаните. Граѓаните порано беа навикнати да ги гледаат политичарите во грб, беа недопирливи за граѓаните. Ова меѓу дртугото го истакна министерот за финансии и вицепремиер во владата на Република Македонија, Зоран Ставрески на денешната трибина во Дојран во рамки на кампањата на владејачката партија „На Македонија и треба твојата идеја“.

Од 2006-тата е сосема друго. Ние се консултираме со граѓаните и даваме отчет, исто така и да слушнат што треба да се сработи подобро, нешто повеќе за да се постигне квалитет на животот. Тоа е разликата помеѓу нас и политичките противници. Тоа било така и кога ја воделе државата тоа е и сега. Тие имаат деструктивна енергија што и се манифестираше сега во 2015 години, истакна Ставрески.

Тој истакна дека добро е што со договорот во Пржино се стави крај на кризата, иако не е добро често да има избори, но од друга страна пак е добро граѓаните да решаваат кој е во право и кој треба да ја води државата.

Политичката магла која се надвисна, која ја донесоа политичките опоненти ќе се види во април 2016-та. Но и после политичката магла ќе останат делата и проектите кои што се видливи и никој е може да им ги земе на граѓаните. Ако во Дојран се направило игралиште, патека, училиште,… тоа ќе остане во Дојран и тоа никој не може тоа да го смени. Тоа не значи дека ВМРО-ДПМНЕ не направило грешки и дека се и сешто направило, но тоа значи дека огромен број на работи се направени и во тоа е разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Со последниве денови можевте да ја видите разликата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ по влезот на СДСМ во институциите. Девет години немаше никакви проблеми, а сега гледаме проблеми. Се исплаќаа пензии, социјални помошти и друго. Кратко време откако СДСМ влезе во институциите, граѓаните видоа како тие ги креираат политиките. СДСМ прави проблеми и во Министерството за финансии, Министерството за земјоделие и во другите министерства каде што влегоа технички. Добро е што сега можат да видат граѓаните за нивниот капацитет. Уверен сум дека народот кога ќе дојде време во април да им каже што мисли за таквото деструктивно однесување, посочи Ставрески.

Министерот за финансии нагласи СДСМ се обидоа преку ветото за финасирањето на буџетот да ја дестабилизираат македонската економија и тоа да го предочат во економска криза, како што рече, водејќи се веројатно од тоа дека колку е полошо за сите, толку му е подобро на СДСМ.

Не дозволивме тоа да се случи, ги употребивме сите правни механизми што ни стојат на располагање и обезбедивме, буџетот да се финансира како што треба и институициите исто така. Граѓаните не смеат да бидат жртва на политички препукувања, и не смеат да бидат казнети затоа што не ја даваат поддршката на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ застана цврсто во одбрана на пензионерите, земјоделците, полицијата и војската, здравствените и обрзовни работици кои земаат плата од буџетот, на фирмите кои добиваат поврат на ДДВ, на реализација на капитални проекти, објасни Ставрески.

Тој потенцира дека она на што е фокусирана оваа влада е подобрување на стандардот на граѓаните.

Ние посветено работиме низ годиниве, економскиот тим, да направиме Македонија да стане економска дестинација. Поминаа 9 години откако народот ни ја даде довербата. Бевме 94 место на Дуинг Бизнис во 2006, а според последниот извештај сега сме 12 место во светот, а 6 место во Европа.  Инвеститеторите го читаат овој извештај на Дуинг Бизнис, кој е направен од експерти и се смета за веродостоен извештај. Како резултат на ова се повеќе инвеститори доаѓаат во Македонија, тие ја гледааат целокупната слика за државата. Токму таква одлука е денешната инвестиција во Прилеп, Гентерм во која што ќе се вработат 2000 лица, од кои веке 350 се вработени. Такви инвестиции имаме во Кавадарци, Штип, Скопје, најавивме и тука во близината, во Струмица која ќе се отвори наредната година.Со овие политики и со мерката „Македонија вработува“ се обезбедуваат нови работни места. Успехот е видлив, во 2006 година невработеноста беше 38% а сега е 26,8%. резултатот е тоа што во овие години се отворени 140 000 нови работни места, додаде Ставрески.

Во своето обраќање тој ги спомена сите проекти кои се спроведени во областа на образованието, изградбата на спортските сали и терени, зголемувањето на пензиите и социјалната помош, како и изградбата и реконструкцијата на патиштата.

Во Дојран се реконструирани 31 километар локален пат изминативе години, како и моменталната реконструкција на локалниот пат Николиќ- Дојран.  Петнаесет локални улици се реконструирани во Општина Дојран, изградени се три спортски терени, 4 детски игралишта, нов училишен објект. Отворена е првата детска градинка, значајно е што Дојран ја доби првата детска градинка. Минатата трибина побаравте да се подобри животната средина, и тоа веќе е завршено, се набавија две возила еден багер и еден камион за смет. Стилот на ВМРО е да ветиме што можеме и тоа го исполнуваме, заклучи Ставрески.