Македонија,Економија

Ставрески: Следната недела ќе почне исплатата на лозарите кои имаат договор со Повардарие

Ставрески: Следната недела ќе почне исплатата на лозарите кои имаат договор со Повардарие

Вицепремиерот Зоран Ставрески,  информира дека се обезбедени средства за исплата на сите лозари кои имаат договор со Повардарие за грозјето кое е претходно продадено.

„Исплатата на средствата ќе почне во среда, а ќе заврши во петок, преку Стопанска банка АД Битола. Сите лозари треба да отворат трансакциски сметки, банката работи и денес. Ќе се информираат во Банката кога точно можат да ги подигнат средствата. Исплатата за првата група почнува во среда, па во четврток и петок“, рече Ставрески.

На тој начин ќе се реши прашањето на исплата на долговите на Повардарие кон лозарите.