Ставрески: Солиден економски раст и оваа година

Растот што се реализира во втората половина од годината посебно во повеќе сектори помогнаа  Македонија повторно да биде меѓу земјите со највисок економски раст во Европа, а солиден економски раст се очекува и годинава. За ова, во синоќешната дебата на ТВ Нова поврзана со економските случувања говореше вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Како што рече, со случувањата на политичката сцена и политичката криза, 2015 година Македонија ја заврши успешно и економијата на некој начин беше таа светла точка во годината во која што немаше многу светли точки.

Сепак растот што се реализира во втората половина од годината посебно во повеќе сектори помогнаа да, Македонија повторно да биде меѓу земјите со највисок економски раст во Европа, меѓу пет, шест, седум земји со највисок економски раст. Очекуваме тој да биде помеѓу 3,3% и 3, 5%. Значи отприлика тука е растот во првите девет месеци од годинава за кој се објавени резултатите, 3,4% за што многу придонесе растот на индустријата меѓу август и октомври. Преку 11 % беше растот во тој период наспроти да се потсетиме на негативните стапки кои што беа во вториот квартал од годинава кога заради политичката криза се почувствува осетно тоа во индустријата во земјава и имавме негативен раст во тој период. Покрај тоа и градежништвото беше добро, како и вообичаено во изминатите неколку години, потпомогнато и едното и другото и индустријата и градежништвото со високиот износ на капитали инвестиции и проекти од Буџетот на Р. М со кој што се ангажираат голем број на домашни фирми во делот на градежништвото и во делот на малата индустрија и малото стопанството и се она што се вклучува во тој дел и помогна и извозот од странските компании и се на се имавме добра година, имајќи предвид какви беа општите околности, остварен е максимумот. Со таква добра ситуација влегуваме и во 2016 и тоа создава основа да веруваме дека и оваа година ќе имаме солиден економски раст, истакна Ставрески.