Ставрески: Странските инвестиции го зголемија извозот

Македонската економија фати залет. Странските инвестиции го зголемија извозот. Со раст на БДП од 3,1% Македонија се најде на високото трето место во Европа. За ова министерот за финансии и вицеремиер Зоран Ставрески говори во интервјуто за Македонската радио телевизија.

ММФ почна да ја скенира македонската економија, а претходно стигна веста дека Македонија има трет најголем раст во Европа. како земјава стигна дотаму?

Ставрески: Со многу работа и со добри економски политики. Во живoтот ништо не доаѓа случајно, и во економијата исто така. Потребни се добри економски политики, а ние тие политики ги водиме долги години. Базата ја поставивме уште во 2006-та година, кога го направивме данокот на ниско ниво, најниски даноци во Европа што е добро за домашните фирми, втора политика е привлекувањето на странски инвестиции, исто така со добар бизнис амбиент , ја направивме Македонија да биде атрактивна дестинација за странските инвеститори и прилив на странски инвестиции и фирмите што работат во зоните се вториот генератор на економскиот раст и трето секако се политиките од буџетот со кој финансираме голем дел од структурни проекти капитални инвестиции кои што помогнаа во градежништвото и многу други гранки доста високи стапки на раст, сето тоа кога ќе се собере заедно со стабилноста и конзистентноста на тие политики со години без да се зголемуваат даноци без да се прават проблеми на фирмите во делот на регулаторната клима и слично, придонесе Македонија и ова признание кое што стигна од Брисел и од ММФ и од Светска банка имаме трет најдобар резултат во Европа, ние планираме и така да остане.

Монетарците почнаа со скенирање на економските параметри, што ќе видат тука?

Ставрески: ММФ како и вообичаено еднаш годишно доаѓа на мисија каде што ги следат макроекономските политики на владата, ќе видат стабилност бидејќи нивото на државниот долг е ниско буџетскиот дефицит е во рамки на планираното, даноците остануваат во зоната на ниски вредности, банкарскиот сектор е стабилен, а реалниот сектор односно стопанството има простор да оствари економски раст, тоа е она што ММф го интересира, невработеноста се намали на 28,6% тоа се показатели што во секој случај наидуваат на поддршка и кај ММФ и од аспект на базичните политики се добро поставени се разбира ќе разговараме и за ризиците во европската економија и за ризиците што ги носат состојбите во европската економија но и таму поблаги се сега тие ризици отколку што беа порано.

Рековте дека нема да има ребаланс на државната каса колку буџетот е одржлив на долг рок со оглед на најавените субвенции и социјални трансфери.?

Ставрески: Ние кога ја правием програмата и го планираме буџетот планираме за следните четири години, значи не е нешто што се прави година за година, од година во година деталите се менуваат, рамката и проекциите се направени за четири години, и тука се вклопени сите оние зголемувања за социјалната помош, тука се вклучени зголемувањето на пензиите, платите во јавниот сектор како и високиот износ на инфраструктура капиталните инвестиции, автопатите и се друго што ќе се финансира следните години буџетот со се тие проекции е одржлив ке биде обезбедена ликвидноста на буџетот, навреме ќе биде да се плаќаат обврските во стопанството, обврските кон земјоделците, пензионерите , но тоа е добро испланирано добро ја знаеме состојбата во буџетот, добро знаеме како да ги планираме приходите, така да е одмерено реално она што може да се направи мислам со таа комбинација како и досега успеавме во период на криза да ја извлечеме Македонија да успееме бидејќи состојбите во Европската економија ќе биде постабилна.

Извозот расте новите бројки на државната статистика покажуваат дека извозот го билдаат токму странските компании кои работат во зоните, очекувате ли раст во извозот и во наредниот период со оглед на најавените странски инвестиции?

Ставрески: Секако, една од покрупните придобвики од доаѓањето на странските инвестиции е зголемувањето на извозот и девирсифиркацијата на извозот бидејќи се освојуваат и нови пазари или пак повеќе се пласира на пазарите како што се Германија и други земји каде што порано многу тешко се пласирале македонски производи. Сега имаме суфицит со Германија значи произведуваме производи, катализатори и друга автомобилска опрема што се користи во германските фирми, а производителите на автомобилските фирми и автомобили и слично. Тоа покажува дека имаме потенцијал за зголемување на додатната вредност во Македонија односно да не се извезува само она што е базично призводство,базична индустрија туку индустрија со повиска дополнителна вредност и затоа ние проектираме околу 10 отсто раст на извозот секоја година,верувам дека тоа е дури и конзерватино сценарио, можно е и оствариме и повисок извоз а фирмите што работат во зоните секако во следнаите година – две ќе придонесуваат за повеќе од една третина од вкупниот македонски извоз.