Ставрески: Струмица е ВМРО-вски град

Струмица е ВМРО-вски град. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со убедливо водство и во оваа општина.

-Вечерва ќе славиме затоа што заслуживме. Работевме вредно и напорно сите. Од утре продолжуваме со работа за нови дела да ги реализираме проектите што ги ветивме за Струмица и за цела Македонија. За нови вработувања, за инфраструктурни проекти, за подобар живот. Ќе останам посветен на Струмица и на подобрување на животот во Струмица. Оттука натаму почнуваме да работиме за победа на ВМРО-ДПМНЕ на следните локални избори во Струмица за да ја преродиме за сите вас, порача Зоран Ставрески вечерва од Струмица, носителот на листата од ИЕ 4 на ВМРО-ДПМНЕ за време на прославата на победата на партијата во овој град.