четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 1

Ставрески: Тактика на СДСМ е да не признава избори тогаш кога ги губи

Не е значајно да се биде со граѓаните само кога се прави програмата, туку постојано. Ова го птенцира министерот за финансии Зоран Ставрески, на трибината како дел од караванот „На Македонија и треба твојата идеја“ која се одржа во општина Аеродром.

stavreski-tribina-ae640

Поврзани вести

Не е значајно да се биде со граѓаните само кога се прави програмата, туку постојано. Ова го птенцира министерот за финансии Зоран Ставрески, на трибината како дел од караванот „На Македонија и треба твојата идеја“ која се одржа во општина Аеродром.

За политичарите кои даваа ветувања а не ги исполнуваа, за нив не беше едноставно да се видат со луѓето потоа. И затоа не можевте и многу да ги видите меѓу вас, не доаѓаа на вакви трибини, ниту пак одеа по градовите или другите населени места, рече Ставрески.

Ние, додаде Ставрески, внимаваме за што даваме ветување,а како ги даваме, правиме анализа за тоа што ќе се побара од нас и за тоа што ќе го ветиме.

-Она што ВМРО-ДПМНЕ го ветува подоцна и го исполнува. Тоа не значи дека сме биле идеални, сме имале пропусти и грешки и задоцнувања. Но, никогаш проект што бил ветен не останал нереализиран, рече Ставрески.

Ставрески се осврна и на тешкиот период кој Македонија го помина изминатата година.

Поминавме низ една година каде што предизвиците што се поставија пред сите нас беа невообичаени и исклучително големи и каде што на тест беше ставена стабилноста на земјата и на некој начин целата држава и сите граѓани беа во грч поради политичките случувања. Тоа не треба така да биде. Граѓаните од политиката треба да видат решавање на нивните проблеми, а не политичарите да се занимаваат сами со себе или со работи кои не се својствени на демократските земји,  рече Ставрески.

Во сите изминати години, додаде тој, се трудеа да нема мир во земјата, а највоочливо беше изминатава година.

Да нема стабилност во земјата тогаш кога СДСМ е во опозиција, да не се признаат избори тогаш кога СДСМ ги губи. Да не се остави ниту еден полн мандат на ВМРО-ДПМНЕ за да не го реализира она за што е способна и кое што граѓаните го ценат, подвлече Ставрески.

Таа тактика, подвлече  тој долго време ја гледаме и е причината поради тоа што за жал како и многупати претходно моравме да одиме на предвремени избори.

Најчитани вести