Ставрески: Ветото на СДСМ може да предизвика нестабилност во економијата

Ветото кое што СДСМ го најави крие опасност да предизвика нестабилност во економијата да не може буџетот да ги исплати пензиите во првата недела во месец декември, исто така може да дојдат во прашање исплатите на платите за образовните, здравствените работници, за војската, за полицијата и за сите други што кои добиваат средство од Буџетот. Ова го појасни министерот за финансии Зоран Ставрески во гостувањето на МТВ.

Тоа не смее да се случи бидејќи 9 години граѓаните и фирмите знаат дека редовно и навремено им се исплаќаат тие обврски и никој нема право  заради тоа што за политички договор се партиципира во одредени институции, да го доведе во прашање редовното функционирање на Буџетот, појасни Ставрески.

Буџетот и финансирањето на буџетот е составен дел на носењето на буџетот кој е донесен од Собранието на Македонија уште во мината година и во него е предвидено и надворешното и внатрешното финансирање на Буџетот, кое е предвидено и со одлука на Владата.

Ние сега останува во тие рамки кои се определени со одлуката на Владата. Едноставно една политичка неодговорност е во прашање каде дополнително се доведуваат во прашање основните функции на државата и сметам дека тоа не смее да се дозволи и дек ДИК ќе донесе правилна одлука, вели Ставрески.

Темата која што СДСМ ја наметнува во однос на задолжувањето, продолжува Ставрески е некоректно поставена.

Евростат завчера им кажа дека Македонија е 4-то најмалку задолжена држава во Европа. Тука завршува приказната и тоа дали аргументите се на страна на ВМРО или на СДСМ. Евростат е најмеродавен и ги следи сите земји членки на ЕУ и земји кандидати и тие рекоа дека Македонија е 4-та најмалку задолжена држава во Европа, подвлекува Ставрески.

СДСМ не кажува дека во исто време ние и се раздолжуваме, додава тој.

Целото гостување погледнете го на следниот линк:

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.