Македонија

Ставрески: Владата инвестира во секоја можна сфера

Ставрески: Владата инвестира во секоја можна сфера

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на денешната прес-конференција истакна дека програмата за работа на Владата вклучува проекти во сите сфери.

– Она што јас го подржувам е да во сите сектори се направи максимумот, да се стават максимум што е можно средства, притоа тој процес не е еднонасочен, значи министерот, премиерот и сите останати кажуваат што сметаат во однос на тоа како треба да изгледа таа програма и истата ја презентираме пред граѓаните и од таа програма понатаму влечеме позициите за буџетот за реализација на тие проекти, посочи вицепремиерот.

Природна состојба во сите смеји, како што рече тој, е ресорните министерства да сакаат повеќе пари за сите проекти.

-Премиерот пример сакаше да се стават повеќе пари и побрзо да се разлизира зголемувањето на пензиите, но моја задача како министер за финансии, иако и јас истото го сакам, е да кажам колку можеме годишно да ги зголемите пензиите, појасни Ставрески.