Македонија

Ставрески: Во период на години на криза обезбедивме над 600 милиони субвенции

Ставрески: Во период на години на криза обезбедивме над 600 милиони субвенции

Над 600 милиони евра беа издвоени за земјоделците, за субвенции и тоа беше направено во тешки години, во години во кои имаше бројни предизвици и во други земји се намалуваа плати, се намалуваа пензии, се намалуваше социјалната помош, се откажуваа инфраструктурни приоекти, посочи вицепремиерот во Владата на РМ и министер за финансии Зоран Ставрески на вчерашната пресконференција.

-Треба да се знае дека паралално со реализацијата на овие економски политики, ние наоѓавме пари за многу други проекти. Такви проекти имаме во културата, во спортот, во образованието, во здравството, се градеа водоводи и каналзиации, се градеа локални и регионални патишта, започнаа да се градат три автопати, рече Ставрески.