четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 55

Ставрески во Прилеп, промовирани „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска е во еднодневна посета на Прилеп.

stavreski-risteski-640x427

Последни вести

Тој заедно со градоначалникот Марјан Ристески, претседателот на Совет Никола Димески, пратениците во собранието на РМ и директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Сашо Николоски, ја посетија пречистителната станица и компанијата „Тритекс“.

stavreski-vo-triteks

На средбата се запознаа со текот на градежните активности на пречистителната станица, како и со работата на компанијата „Тритекс“. Во попладневните часови министерот за финансии Зоран Ставрески присуствуваше на презентацијата организирана во рамки на караванот посветен на проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“.

-Имаме понуди за локации за изградба на фабрики и погони, имаме локации за изградба на колективен стамбен простор со деловни објекти, локации за за изградба на спортски објекти и сетоа она што е потребно за идниот развој на Прилеп. Ние сме едни од поретките општини во Македонија која има веќе развиено населба за изградба на индивидуални објектии, куќи, тоа е населбата „Градина“, која ја создададовме пред 2 години и каде веќе се нудат локации, посочи градоначалникот Ристески во својата изјава.

Како што соопштија од Министерството за финансии, караванот е планирано да одржи презентации во 30 општини. Следните презентации се во Куманово, Кратово, Крива Паланка, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Струмица, Радовиш, Тетово, Гостивар, Кичево,  Берово и Дебар.

Најчитани вести