Ставрески во работна посета на Чешка

Заменик претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески од денеска е во работна посета на Чешката Република.

Како што соопштуваат од кабинетот на Заменик претседателот и министер за финансии, во рамки на посетата, на покана на чешкиот вицепремиер и министер за финансии Андреј Бабиш, Ставрески ќе оствари билатерална средба со него. Целта на средбата е да се дискутира соработката меѓу двете земји од областа на економијата и можноста за нејзино унапредување.

„Ставрески заедно со директорот на Агенцијата за странски инвестиции Климент Шеќеровски на бизнис форум ќе ги презентираат можностите за инвестирање во Република Македонија пред компании од областа на градежништвото, автомобилската, хемиската индустрија и од други сектори“ стои во соопштението.

Бизнис форумот кој ќе се одржи денеска во Прага е во организација на Стопанската Комора на Чешката Република.