Ставрески: За осум години социјалната помош зголемена за 50 отсто

Слично како пензиите се зголемува и социјалната помош за најранливите категории, рече министерот Ставрески на денешната пресконференција.

-Пензиите во континуитет се зголемуваат, за 62 проценти е зголемена просечната пензија, а за 76 проценти најниската пензија и такво дополнително зголемување за пензионерите ќе имаме и оваа година во септември. Слично се зголемуваше и социјалната помош за најранливите категории, за околу 50 отсто е повисока од пред околу 7-8 години и такво зголемување е предвидено и во јуни оваа година, изјави Ставрески.