Ставрески: Зголемување на социјалната помош е предвидено и во следната програма

Зоран Ставрески, носителот на листа во ИЕ 4 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ истакна дека Велигден е денот кога треба да се потсетиме дека има многу семејства на кои им е потребна помош и грижа.

Таа грижа ја изразуваме преку постојано зголемување на социјалната помош кое што е предвидено и во следната програма, о, 5 отсто секоја година, додаде тој.

Родителите со деца кои имаат пречки во развојот, ќе добијат зголемен надоместок во висина од 5.500 денари, што е зголемување за 25 %, а зголемување ќе има и во надоместокот за згрижувачките семејства, кои згрижуваат деца без родители или пречки во развојот.

-Предвидени се и кредити за самовработување на хендикепирани лица. Секое хендикепирано лице кои може да извршува дејност и да има сопствен бизнис, ќе добие 5.000 евра како поддршка од Владата за започнување на сопствен бизнис. Лицата кои имаат Даунов синдром, децата, нивните семејства почнувајќи од 2015 година ќе добиваат надомест кој досега го немаше, истакна Ставрески.

Секоја година по 3.000 дечиња ќе одат бесплатно на летен или зимски одмор, а предвидени се и други мерки со кои ќе им се помогне на социјалните семејства и на примателите на социјална помош, како и на хендикепираните лица и семејствата во кои тие живеат, со цел да им се помогне полесно да ги пребродат искушенијата и да се подобри стандардот на овие категории на граѓани.