Македонија

Ставрески: Зошто СДСМ не пушта снимки кога зборуваме за проекти и политики во интерес за граѓаните?

Ставрески: Зошто СДСМ не пушта снимки кога зборуваме за проекти и политики во интерес за граѓаните?

Ништо од она што Зоран Заев денеска го зборуваше, не коресподнира со реалноста. Слушнавме замена на тези и селективни разговори, надвор од вистинскиот контекст, рече попладнево вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, коментирајќи ја последната „бомба“ на СДСМ.

Тој рече дека  разговорите се селективни и оти ги нема позитивните разговори.

– Се на пресот е она што е во некоја фаза, во некои временски периоди според Заев и неговите укажувања, спомнато во некаков контекст без притоа да има доблест да се дадат и позитивни разговори или позитивни поенти, без притоа да се коментира дека некогаш премиерот и министерот за финансии исто така имале можности да разговараат за поситивни работи за 30-тото место на Дуинг бизнис извештајот и начинот на кој што тоа е реализирано, преку тешки реформи, преку заеднички напори или за зголемувањето на пензиите. Радоста што сме ја имале и заедничките ставови во однос на зголемувањето на субвенциите за земјоделците ,

Тој на прес конференцијата нагласи дека пензиите и социјалната помош за најранливите категории во континуитет се зголемуваа, над 600 милиони евра биле издвоени за земјоделците, за субвенции и тоа во тешки години, во години во кои имало бројни предизвици и во други земји се намалуваа плати, се намалуваа пензии, се намалувала социјалната помош, се откажувале инфраструктурни приоекти.

-Треба да се знае дека паралално со реализацијата на овие економски политики, ние наоѓавме пари за многу други проекти. Такви проекти имаме во културата, во спортот, во образованието, во здравството, се градеа водоводи и канализации, се градеа локални и регионални патишта, започнаа да се градат три автопати, рече Ставрески.