Ставревски: Отписот на долговите на сиромашните е реална мерка

Мерката за отпис на долговите на најранливите категории граѓани, социјалците, невработените по двајца каде што се во семејство или еден невработен самец или оние кои имале тешка состојба во семејството е реална и потребна за најсиромашните категории граѓани, изјави носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 4, Зоран Ставревски, во струмичко Ново Село.

Според него нема причина СДСМ да биде против таа мерка и да биде против народот и граѓаните, бидејќи, како што изјави Ставрески,  тие заслужуваат поддршка, заслужуваат да им бидат отпишани долговите, пренесува МИА

„Ние преку ослободување од даноци на приватните фирми ќе го постигнеме тоа и на граѓаните кои спаѓаат во овие категории до крајот на септември целосно ќе им бидат отпишани обврските така како што ВМРО-ДПМНЕ ветува во програмата, рече Ставрески.

Тој додаде дека проектот не би бил во програмата доколку не се сигурни дека може да се реализира и дека е во корист на граѓаните