Ставриќ повторно седна на обвинителна клупа

Офталмологот Дејан Ставриќ денеска седна на обвинителна клупа во повторениот судски процес против него откако Апелација ја поништи првата пресуда.
Тој денеска тврдеше дека не е виновен, а за сведокот дека е лажен и целиот случај монтиран.
Судскиот процес продолжува на 14. мај кога се очекува да бидат и завршните зборови.
Ставриќ беше уапсен пред една година на железничката станица во Скопје откако, според обвинителството, зел 2.000 евра од Владо Кузмановски кои му биле дадени како поткуп за добивање на инвалидска пензија.