сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 0

Сте слушнале за демисексуалци? Проверете дали сте еден од нив!

Spavanje-620x350

Последни вести

Сигурно сте слушнале за повеќе сексуални ориентации: хетеросексуалци, бисексуалци, хомосексуалци, асексуалци…Но, сигурно не знаете за демисексуалци, иако можеби и вие сте еден од нив.

Џесика Вендроф има 24 години и нема голем број врски зад себе. Отсекогаш момчињата и биле помалку убави од неа, барем според тврдењата на нејзините пријателки. Таа себеси не се смета за премногу атрактивна, но пријателите велат дека е згодна. Затоа никогаш не им бил јасен нејзиниот избор во љубовта.

И зборувале дека секогаш одбира партнери кои не се „на нејзино ниво“. Физичкиот изглед никогаш не и бил приоритет. Она што најмногу ја привлекувало било тоа каква душа имаат нејзините потенцијални партнери.

Според сопственото признание, Џесика е демисексуалка.

На демисексуалците најважна им е емотивната поврзаност со партнерот.

Тоа се луѓе кои пед да го дозволат физичкиот допир, прво темелно истражуваат со кого си имаат работа.

-Демисексуалците не пуштаат во својот живот било кој. Сите момчиња прво ми беа пријатели, а потоа се зближувавме и на физички план, вели Џесика.

 

Најчитани вести