Стеауа, Динамо (З), Лудогорец можни противници на Работнички

Денеска со почеток во 12:00 часот ќе биде извршена ждрепката за за првото и за второто квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Актуелниот шампион на Македонија, тимот Работнички ќе стартува во второто квалификациско коло но челниците на УЕФА пред ждрепката заборавија да го вметнат македонскиот претставник во претходно дефинираните групи со фаворити и аутсајдери.

Со оглед дека во групата „3″ има истакнато 6 носители и 5 неносители, очигледно дека токму во оваа група треба да биде и Работнички. Во таков случај, можни противници на Работнички во второто квалификациско коло од ЛШ се Стеауа (Романија), Динамо Загреб (Хрватска), Лудогорец (Бугарија), Легија Варшава (Полска), Карабах (Азербејџан) и Хелсинки (Финска).