Стечајците само со лична карта да поднесат барање до АВРМ

Околу три илјади стечајци кои останале без работа од фирми кои што се приватизирале, во период од 2000-тата до 2004-тата година, а биле во доминантна државна сопственост од денеска само со лична карта ќе можат да поднесат електронско барање до Агенцијата за вработување на Македонија.

„Со цел обезбедување социјална сигурност на лицата кои останале без работа поради приватизација на фирми со доминантна сопственост на државата од седми април Агенцијата за вработување од денеска ги прима барањара за материјално обезбедувањево вид на парична надокнада. Во следните 30 дена сите граѓани кои сметаат дека се во оваа група ќе може да поднесат барање до 30-те центри на Агенцијата и во 10-те дисперзирани канцеларии“, рече директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски.

Сите граѓани кои сметаат дека влегуваат во оваа група можат да поднесат барање до АВРМ од денеска, па се’ до 22-ри март, а потребно ќе биде само со важечка лична карта да поднесе барање во електронска форма до Агенцијата.

„За да го остварат ова право граѓаните треба да се од фирми во доминантна државна сопственост, каде што им престанал работниот однос, да имаат најмалку 25 години работен стаж од денот на престанокот на работниот однос оутврден со М4 образецот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и во меѓувреме на престанокот на работата во овие фирми до денот на поднесување на барањето да немаат престанок кај друг работодавач по нивна волја и вина“, појасни Поповски.

За да го оствари правото на паричен надоместок треба да ги исполнува сите овие услови кумулативно.

Невработените лица кои што не го испочитувале рокот, односно 22-ри март, иако ги исполнуваат условите, нема да може да го оствари ова право.