Спорт

Стефан Ашковски ја засили Шкендија

Стефан Ашковски ја засили Шкендија

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Стефан Ашковски од денеска е нов фудбалер на Шкендија.

Тој во Тетово ќе пристигне од Партизан на шестмесечна позајмица, со можност на лето договорот да биде продолжен.

22-годишниот лев бек треба да ја пополни празнината во тимот која настана со заминувањето на Јани Урдинов.

“Среќен сум што потпишав договор со Шкендија. Ќе дадам се од себе да ја оправдам довербата на раководството кое ме донесе тука. Мислам дека го одбрав вистинскиот момент да дојдам во еден ваков клуб затоа што сум во форма преку која може да ги покажам сите квалитети” – истакна на промоцијата Ашковски.