Стефан Главевски го фати крстот фрлен во реката Радика

По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици голем број на верници присуствуваа на фрлањето на крстот во реката Радика кај Ростуше.

Крстот по литургијата која ја одржа Архимандритот Партениј Игумен во светиот Бигорски манастир, го фати битолчанецот Стефан Главевски.

Тој доби подарок од страна на градоначалникот на општината Маврово Ростуше, Мукрем Мехмеди .

На фрлањето на крстот во Радика присуствуваа голем број на првославни верници од Река, но и од Скопје, Гостивар, Тетово, Охрид, Битола и други македонски градови.