Стефан Мечкароски го фати светиот крст во Струга

Дваесет и три годишниот Стефан Мечкароски од Струга го фати светиот крст во водите на реката Црн Дрим.

Мечкароски од мал скокал, но првпат го фаќа светиот крст. Во тековната година очекува здравје, а другото, како што рече, само ќе дојде.

– Секоја година скокам, но првпат го фаќам крстот. Не очекував. Пред се да сме здрави и живи, тоа е најбитно, другото се само посебе ќе дојде. Што ќе даде Господ тоа, изјави Мечкароски.

Најсреќниот фаќач беше даруван со златно ланче и крст од годинашниот кум на манифестацијата Лазо Липоски.

По Светиот крст во Струга скокнаа 100-тина верници во ладните води на Црн Дрим, а водите ги осветија свештеници од Дебарско-Кичевската епархија.