Спорт

Стефан Терзиќ ново засилување на Зомимак

Стефан Терзиќ ново засилување на Зомимак

Стефан Терзиќ е новото име во струмички Зомимак-М. Деветнаесетгодишниот српски младински репрезентативец, кој игра на позицијата десен бек, до крајот на сезоната ќе настапува за „рисовите“ како позајмен играч од Вардар. Станува збор за исклучително талентиран играч, кој лани беше дел од Хамбург на фајналфор турнирот во Келн, каде со оваа екипа стана европски шампион.

Двете раководства постигнаа договор и за продолжување на позајмицата на Милорад Кукоски, кој во есенскиот дел беше столбот на одбраната на струмичани.

Во текот на утрешниот ден договорите ќе се официјализираат.