Стефаноски: Инвестирани се 100 милиони евра во нова опрема за здравствените установи

Во делот на здравството владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува еден сеопфатен пристап, како што покажува и во сите области. Во здравството понудивме системски пристап кој значи развивање на сите нивоа на здравствената заштита, кој значи рамномерен развој на унапредување на здравствената заштита и посветување на унапредување на квалитетот на здравствената заштита на сите делови во Македонија, истакна  на денешната трибина во Крива Паланка го директорот на ФЗОМ, Сашо Стефаноски, пренесува „Курир“.

Стаефаноски посочи дека во изминатиот период Владата инвестирала 100 милиони евра во нова опрема за здравствените установи, што ќе значи, како што рече побрза и поквалитетна дијагностика.

-Владата инвестираше во градење на нови здравствени капацитети. Како никогаш досега се градат нови здравствени капацитети рамномерно распределени низ Македонија кои ќе можат да ги лекуваат пациентите на највисоко ниво. Се вложува и во реконструкција на постоечките здравствени капацитети и се доведуваат во функција да имаат уште подобри услови за осигурениците, посочи тој.

Стефаноски додаде дека со новите мерки во делот на здравството, се трансформира статусот на околу 2.000 луѓе кои досега волонтирале во установите на неопределено време. Тој додаде дека се намалени цените на голем број лекови.

Во делот на здравството во Крива Паланка, Стефаноски посочи дека е целосно реконструиран здравствениот дом и се вложени над 21 милион денари, со што значително се подобриле условите за давање на здравствени услуги.

-За потребите на итната медицинска помош во Крива Паланка набавени се две нови возила комплетно опремени со целокупната медицинска апаратура. Во здравствениот дом функционира и проектот „Наш специјалист“ со кој секоја сабота од 8 и 15:30 часот има доктори специјалисти од други клиники за специјалности кои ги нема во овој град, за да може граѓаните кои имаат потреба да добија специјалистичка услуга, нагласи директорот на ФЗОМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.