Македонија

Стефаноски: СДСМ под превезот на некаква вистина за Македонија, сака да ја турне власта на недемократски начин

Стефаноски: СДСМ под превезот на некаква вистина за Македонија, сака да ја турне власта на недемократски начин

Во оваа 2015 година, истата политичка партија која што безмалку остави пола од населението невработено во минатото, излегува во јавноста и кажува дека се бори за народот. За каков политички кредибилитет може да зборуваме кога нивниот беграунд, нивното минато покажува нешто сосем друго. Токму таа е политичката партија која е одговорна за транзицијата, за илјадниците и илјадниците невработени луѓе, стотиците илјади луѓе кои имаа тешки моменти во тие периоди, кои кубуреа за парче леб.

Ова го истакна директорот на ФЗОМ Сашо Стефаноски, на денешната панел дискусија во кампот на „Чуварите на демократијата“.

-Токму таа е политичката партија која што сега под превезот на некаква вистина за Македонија, се обидува да ја турне власта во Македонија и на недемократски начин, како што е нивниот стил на функционирање, да дојде на власт. Од другата страна сме ние, ВМРО-ДПМНЕ, која за прв пат во 2006 година го промени пристапот во политиката, излезе со понуда кон граѓаните во вид на проекти.

ВМРО-ДПМНЕ, истакна Стефаноски, е првата политичка партија која во Македонија понуди нов концепт на дејствување.

-Концепт кој значи понуда, тековна реализација иинформација на граѓаните за тоа што го понудила и на крајот отчет за тоа што го направила во еден мандат. Тоа е политичката опција која се бори за отворање на нови работни места, за социјална правда и подобар живот на македонските граѓани.

Посочи дека не може да се стави знак на еднакво помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ е онаа ретроградна партија која со узурпација на институциите и со држење во заложништо на државата, сака да дојде на власт. Пред неколку дена имавте можност да го видите вистинското лице на опозицијата. Секогаш бараат избори, а кога ќе им понудите не ги сакаат и бегаат од изборите како ѓавол од крст. Па, зошто господине Заев ако вашата крајна цел беше да излеземе на избори, да ги одмериме силите и да видиме на кого македонскиот народ ќе му ја даде довербата, сега ретерирате и бегате? Тоа е кукавички однос. Ако некој е убеден во силата и во поддршката, тогаш нема да се крие во глувчешка дупка и да бара милион изговори само да не се соочи со народот. Ова се разбира е прашање кое треба да го одговори Зоран Заев, но веројатно пак ќе го искористат тој ваучер дека некои прашања не заслужуваат одговор. Но затоа граѓаните еднаш ве казнија. Сите прашања заслужуваат одговор, додаде Стефаноски.

Целиот говор на Стефаноски од кампот на „Чуварите на демократијата“ погледнете го во видеото.