Стефаноски: Владата без законски основ и противправно ме разреши од позицијата директор на ФЗОМ

Досегашниот директор на Фондон за здравствено осигурување на Република Македонија, Сашо Стефановски преку социјалните мрежи информира дека е противзаконски разрешен од страна на Владата од оваа позиција.

Stefanoski fb
Со одлука на Влада, без законски основ и противправно разрешен сум од позицијата директор на Фонд за здравствено осигурување на Република Македонија. Ви благодарам на поддршката во изминатите години додека ја извршував оваа одговорна функција. Заедно со мојот тим направивме многу позитивни проекти во интерес на сите граѓани на Република Македонија. Воспоставивме принцип на транспарентност во работата и отворени врати на Фондот за сите осигуреници. Бевме достапни за сите да помогнеме. Фондот го оставам во одлична финансиска кондиција и со историски најголем буџет, пишува Стефаноски во својот Фејсбук статус.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.