Македонија

ВМРО-ДПМНЕ за партизираноста на полицијата Стефаноски: Во МВР Спасовски направи 250 незаконски распоредувања за само пет месеци

Стефаноски: Во МВР Спасовски направи 250 незаконски распоредувања за само пет месеци

За само пет месеци Министерството за внатрешни работи се претвори во партиска полиција на СДСМ со цел, а зда може ресорот да биде партиска испостава министерот Оливер Спасовски изврши целосна партизација на министерството и ги смени сите професионалци во него, обвини во петокот и Милан Стефаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Професионализмот и криминалот не одат заедно, затоа Оливер Спасовски спроведе стотици незаконски распределувања во министерството и постави партиски послушници. За само пет месеци, на ниво на Македонија се направени над 250 незаконски распоредувања во Министерството за внатрешни работи. Во Битола се направени над 19 незаконски распоредувања. Во Велес над 36 незаконски распоредувања. Во Тетово над 32 незаконски распоредувања. Во Струмица над 22 незаконски распоредувања. Во Охрид над 15 незаконски распоредувања. Во Скопје над 13 незаконски распоредувања. Во Штип над 11 незаконски распоредувања. Во Гостивар над 8 незаконски распоредувања. Во Куманово над 6 незаконски распоредувања. Во Крушево 4 незаконски распоредувања. Во Демир Хисар 2 незаконски распоредувања. Во Македонски Брод 2 незаконски распоредувања“, наброја Стефаноски.

Истакна дека овие незаконски распоредувања во министерството и замената на професионалците со партиски послушници има за цел да се деградира целосно Министерството за внатрешни и да се премолчува пред сите нерегуларности.

„На 15-ти октомври ќе пристигне казната за ваквото работење“, порача на крајот Стефаноски.