Балкан

Стефановиќ: Не се подготвува терористички напад во Србија

Стефановиќ: Не се подготвува терористички напад во Србија

Српската полиција нема сознанија за подготовки на некаков терористички напад на територијата на Србија, но секогаш постои причина за објективна загриженост, изјави денеска српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ на прес-конференција во Белград.

Како што јави Танјуг, Стефановиќ нагалси дека српската полиција со месеци наназад презема засилени бебзедносни мерки, за што превентивно се ангажирани и специјалните полициски единици и е засилена соработката со домашните и странските безбедносни служби.

Тој нагласи дека Министерството подготвило список на лица осомничени за тероризам, кои теоретиски би можеле да ја загрозат територијата на Србија.

– Тие досега не дошле во Србија, ниту пак се подготвува каков и да е терористички напад врз Србија, додаде Стефановиќ.

Осврнувајќи се на напливот на илегални имигранти, кои преку територијата на Србија замунуваат за земјите од ЕУ, Стефановиќ нагласи дека меѓу нив има и „воено оспособени лица кои минале некаква обука и веројатно учествувале во војните во земјите во кои биле“.

– Повеќе од 1.000 илегални имигранти дневено се обидуваат да влезат во Србија, истакна Стефановиќ, додаваќи дека од почетокот на годината во земјата влегле над 61.500 илегални имигранти и дека нивниот број секојдневно се зголемува.