Стефановиќ: Некој сака хаос во Регионот

Министерот за полиција во Србија Небојша Стефановиќ оцени дека настаните во Куманово и инцидентот во Црна Гора покажуваат дека таквите настани одат во прилог само на оние што сакаат хаос во Регионот.

-Тие случувања може да одат во прилог само за оние што сакаат хаос, кои не му мислат добро на регионот и кому не му е во интерес неговиот развој. Србија тој хасо нема да го дозволи и подготвена е, не само во копнените зони на безбедност, туку и во другите делови на Србија да ги спречи таквите обиди, вели Стефановиќ во изјава за медиумите.

Прашан дали српските безбедносни структури ги предупредиле колегите од Македонија на можноста за терористички напад, тој изјавил дека двете страни често разменуваат информации, но дека неможе д говори за конкретни оперативни сознанија.

– Во Куманово очигледно имаше сериозна терористичка акција која бараше остар одговор од македонската држава, рече Стефановиќ.