Стефановиќ: Новата Влада ќе биде формирана до први мај

Заменик-претседателот на Српската напредна партија, Небојша Стефановиќ, истакнал дека ако неговата партија победи на изборите новата Влада ќе биде формирана до први мај, пишува денеска српскиот весник „Блиц“.

Според Стафанович во рамките на овој процес новиот Парламент ќе биде формиран до средината на април.

„Никогаш не сме наддавале со процентите. Граѓаните ќе одлучат дали ќе ни дадат поддршка со која ќе имаме силна Влада, во која нема да има спорови и уцени за најважните прашања“, изјавил Стафановиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.