Магазин

Стефановски: Гитаристите се сексапилни

Стефановски: Гитаристите се сексапилни

Македонскиот гитарист Влатко Стефановски за хрватските медиуми раскажал зошто е фасциниран од гитарата, но и не го чуди зошто девојките сакаат музичари, бидејќи како што изјавил,  маж со инструмент во раката е секси.

„На мажите кои свират гитара, тој инструмент им е замена за жена, но и за љубов. Гитарата има изглед на женско тело и е преубава, “ изјавил Стефановси за хрватските медиуми.

Стефановски додал дека не го чуди што девојките паѓаат на гитаристи.

„Секси е да се гледа како некој свири, дури јас се возбудувам кога ќе видам некој добар гитарист,“ на шега изјавил Стефановски.

Тој открил и зошто секогаш носи капче на сцена.

„Таа ме штити од рефлектори, со текот на години станав чувствителен на светло. Но ме штити и од други работи, на пример ако налетам на гранка, ме штити да не си го извадам окото,“ изјавил Стефановски.