Стефановски: СДСМ избра да го валка образот на Македонија во немоќ да одгвори на политиките на ВМРО-ДПМНЕ

На трибината на ВМРО-ДПМНЕ што синоќа се одржа во Свети Николе свое обраќање имаше и директорот на ФЗОМ Сашо Стефановски. Тој направи паралела во концептите на политиките што ги водат владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ и истакна дека политиката на ВМРО-ДПМНЕ се заснова на прогресивен концепт, а на СДСМ на деструктивен. Коцептот на ВРМО-ДПМНЕ е цврста програма, нејзино реализирање и чесност, додека концептот на СДСМ се заснова на оставање на македонскиот народ на цедило, на организиран грабеж, на продавање и коцкање на судбините на македонскиот народ.

Потсети дека опозициската СДСМ во период од 1992 до 1996 година беше на власт кога во Македонија најголем дел од граѓаните постари од 45 години тогаш останаа без работа.

-Да ве потсетам на сликите кога скоро 300.000 луѓе како реки од народ одеа по улиците и бараа социјална правда, парче леб. Да ве потесетам на една вистинска приказна во продукција на СДСМ, а не измислена во 1997 година,тоа е аферата ТАТ. На овие 2 концепти на деструкција на оставање на македонскиот народ на цедило, на организиран грабеж, на продавање и коцкање на нивните судбини, ВМРО-ДПМНЕ го судира со прогресивниот концепт, истакна Стефановски.

Додаде дека прв пат од 2006 година граѓаните имаат можност да гласат за програма каде што точно се обврзуваме со концепти и мерки кои што ги реализираме.

-Периодот од 1992 до 1996 кога 300.000 граѓани останаа без работа ние го судривме со концептот на отварање нови работни места, борба за странски инвестиции, за браунфилд инвестиции, борба за овозможување на луѓето да остварат право на самовработување и на концептот на 300.000 невработеност по основ на приватизацијата од 1992 до 1996 ние го судруваме концептот на пад на невработеноста, од 2006 до 2015 година има 138.000 вработувања. Концептот на ТАТ ние го судривме со континуиран раст на БДП, континуиран раст на македонската економија, раст на извозот и фискална стабилност и дисциплина на целокупниот сектор, истакна Стефановски.

Посочи дека на големата лага СДСМ дека од 2001-2002 дека ќе вработи по еден член од секое семејство, ВМРО-ДПМНЕ се спротивстави со концептот на егзактни податоци кои се достапни во статистиката и секој може да ги види.

-СДСМ се соочува со тотално фијаско на нивните политики во немоќ да одговорат на нашата политичка опција го одбраа начинот да ја подриваат државноста на  Македонија, ги загрозуваат безбедносните капацитети на државата, го валкаат образот на Македонија каде што ќе стигнат во светот и се обидуваат на едно крајно подмолен, нечесен, креиран начин да ги клекнат институциите на колена.