среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 6

Стејт департмент: Иванов да ја преиспита својата одлука

Доколку оваа одлука биде имплементирана, се вели во соопштението, тоа ќе значи заштита за корумпираните официјални претставници, како и порекнување на правдата за македонскиот народ

Стејт департмент: Иванов да ја преиспита својата одлука

Стејт департмент: Иванов да ја преиспита својата одлука

Последни вести

Соединетите Американски Држави (САД) се длабоко загрижени по одлуката на македонскиот претседател Ѓорге Иванов за аболиција на лица коишто се предмет на истрага во врска со скандалот за прислушување, соопшти американскиот Стејт департмент.

Доколку оваа одлука биде имплементирана,  се вели во соопштението, тоа ќе значи заштита за корумпираните официјални претставници, како и порекнување на правдата за македонскиот народ. Воедно,  додаваат, тоа ќе значи натамошно подривање на владеењето на правото во Македонија, интегритетот на нејзините правни институции и кредибилитетот на определба на нејзините кон фундаменталните вредности на НАТО и ЕУ

– Како пријател на Македонија, САД упатуваат силен повик до претседателот Иванов, да ја преиспита својата одлука и да дозволи Специјалното Јавно Обвинителство, формирано како дел од Договорот од Пржино, да ги истражи сериозните наводи за владините незаконски дела, и да дозволи судовите да ја вршат својата работа. Исто така, ја охрабруваме Владата и политичките партии, да продолжат да работат на спроведување на реформите коишто ќе ги зајакнат демократските институции и ќе ја вратат Македонија на патот кон кредибилни избори и евро-атлантска интеграција,  наведува Стејт депарментот.

Најчитани вести