Стејт департмент: Примирјето во Јемен воглавно се почитува

Петдневниот хуманитарен прекин на огнот во Јемен, што стапи во сила од денеска, во најголема мерка се почитува и покрај неколкуте случаи на судири, изјави вечерва во Вашингтон портпаролот на американскиот Стејт Департмент, Џеф Ратке.

Ратке ги повика сите страни вклучени во конфликтот во Јемен да продолжат да манифестираат воздржаност.

Петдневниот прекин на огнот во Јемен беше прогласен со цел да се овоможи дистрибуција на хуманитрана помош на жителите во реоните на конфликто