ТОП,Македонија

Стејт департмент: САД го поддржуваат територијалниот интегритет на Македонија

Стејт департмент: САД го поддржуваат територијалниот интегритет на Македонија

САД гo признаваат и подржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија. Оваа позиција не е променета, изјавил претставник на американскиот Стејт департмент за Гласот на Америка на албански јазик.

Македонското МНР преку Амбасадата во Вашингтон вчера побара став од Стејт департментот за изјавите на Рорабахер дадени во интервју за телевизискиот канал „Визион Плус“ од Тирана. Рорабахер во интервјуто меѓу другото вели дека „создавањето на Македонија е пропаднат проект и оти сега биле созадени сите околности да се подели меѓу соседните држави, вклучувајќи ги и Косово и Албанија“.