Стејт департментот издаде извештај за производството и шверцот на дрога во Албанија

Албанија е значаен извор на марихуана и дестинација за транспорт на хероин и кокаин за европските пазари, се наведува во извештајот на американскиот Стејт департмент за борба со наркотиците во светот, што му е предаден на американскиот Конгрес, сооопшти агенцијата АНА-МПА, пренесе МИА.

Во документот се посочува дека во текот на 2014 година значително се зголемени количеството на запленети наркотици и бројот на апсења. Тоа се случило по засилување на соработката меѓу Албанија
и регионалните партнери најмногу со италијанската полиција, а,
исто така, и како резлутат на преземените акции од албанските власти за борба против производството и шверцот на наркотици, што довело до масивни операции низ целата земја.

Во извештајот се истакнува дека освен за марихуана, Албанија не е важен производител на наркотици и производи што се употребуваат како суровини за синтетички наркотици.

Албанската Влада не води статистика за употребата на наркотици. Доколку се исклучи марихуаната, употребата на други наркотици не е
широко распространета.

За одбележување е дека Албанија продолжува да добива помош од САД и ЕУ за засилување на борбата со наркотици, се наведува уште во извештајот на Стејт департментот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.