Стејт департментот реагира на апсењето новинари во Турција

Стејт департментот ги повика турските власти да ја заштитат слободата на медиумите и други демократски вредности по серијата апсења новинари и други претставници на медиумите во Турција, јавува МИА.

– Стејт департментот внимателно следи вести за апсење новинари кои отворено ја критикуваат владата на Турција, изјави Џен Псаки, портпаролка на Стејт департментот.

Турската полиција во неделата почна операција за апсење следбеници на противникот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, имамот Фетулах Гулен кој живее во егзил во САД. Беа уапсени 24 луѓе меѓу кои има новинари и други претставници на медиумите.

Апсењата се случија неколку дена откако беше допнесен закон со кој е овозможено приведување осомничени врз основа на „основано сомнение“.

– Тие апсења се спротивни на европските вредности, се вели во остро интонираното соопштение од ЕУ.