Штелувале покер машина за да добијат џек-пот

Двајца жители на Македонска каменица се осомничени дека штелувале апарат за игри на среќа за да добијат награда, инфорираше МВР.

Станува збор за Б.С. (22) и Г.С. (29),против кои Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава за компјутерска измама.
Според полицијата, Б.С.,кој бил вработен во казино во Македонска Каменица, на 11.06.2017 година по претходен договор со второпријавениот за износ од 50.000 денари, го исклучил видео надзорот во објектот. На тој начин им овозможил на две непознати лица да влезат внатре и на апарат да го земат оригиналниот „релевантен избирач на игри“ и да вметнат нивен избирач на игри.

По ова, на 18.06.2017 година Г.С. со манипулација на вметнатиот избирач на игри во повеќе наврати предизвикал невистинит резултат при електронската обработка и пренос на податоци и добивка од 530.000 денари, од која му биле исплатени 100.000 денари.