сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 0

Степанчиќ се повреди – го пропушта ЕП ?!

Хрватскиот претставник во ЛШ, ППД Загреб синоќа доживеа болен пораз на гостувањето во Германија кај Фленсбург, а исто така, го загуби и најдобриот ракометар Лука Степанчиќ кој поради повреда може да го пропушти и ЕП во ракомет кое се игра во јануари.

stepancic

Поврзани вести

Степанчиќ при еден дуел како покосен падна на паркетот и со болна гримаса беше изнесен од теренот, а лекарите велат дека му настрадале предните вкрстени лигаменти и дека тој ќе мора да го пропушти Европското првенство во ракомет кое на стартот на 2016 се игра во Полска.

Младиот ракометар кој е роден во Пула, за “коцкестите” дебитира во 2013 година и стана неизбежен член на првиот тим.

Репрезентацијата на Хрватска е во групата “Б” заедно со Белорусија, Исланд и Норвешка, репрезентации кои во наредната фаза ќе вкрстат во група “А” во која е и Македонија.

Најчитани вести