Свет

Стерилизираните Индијки со тешка судбина, 13 починати досега

Стерилизираните Индијки со тешка судбина, 13 починати досега

Бројот на жените кои починале по масовната стерилизација во индиската држава Чатисгар се зголеми на 13, додека десетици се наоѓаат во болница, од кои повеќето се во критична состојба, соопштија денеска индиски официјални претставници.

83 жени, сите помлади од 32 години, во саботата биле стерилизирани согласно владината програма за бесплатна стерилизација.

Tие истиот ден биле пуштени дома.

Жените веднаш почнале да чувствуваат проблеми – повраќање, намалување на пулсот и други компликации, поради што итно се префрлени во болниците во Биласпур.

– Причина за смртта е труење на крвта или хеморагичен шок, до кој доаѓа кога лицето ќе загуби премногу крв, изјавил заменикот во државниот директорат за здравство Амар Синг, иако дури денеска се очекуваат првичните резултати од аутопсијата.

Се претпоставува дека докторот кој ја извршил стерилизацијата, користел недезинфицирани инструменти.