Штерјовски задоволен по подготовките на Победа во Банско

Подготовките поминаа одлично, спета шефот на стручниот штаб на Победа, Зоран Штерјовски, по враќањето од Банско и направената анализа на досегашнит тек на подготовките.

„Беше сработено сето она што го имавме планирано, со исклучок на еден неодигран натпревар, оној со Монтана. Можеби ни недостига поквалитетни противници во контролните нетапревари, со исклучок на оној со Академија Пандев, но секако дека и овие третолигашки бугарски тимови покажаа цврстина. Делуваа дефанзивно со организирана одбрана, при што ние на некој начин имавме можност да организираме стрпливи напади. Имавме голем процент на посед на топката, создававме голем број шанси, но реализацијата на тие шанси беше слаба. Во секој случај сметам дека преку брза игра, со што спорметам дека имаме голем напредок во нашата игра и во оваа трета финална фаза до почетокот на првенството ќе треба да обрнеме посебно внимание токму на таа реализација и според мене подготвени ќе го дочекаме првенството од секој аспект“, рече Штерјовски.

До почетокот на првенството прелепските фудбалери ќе одиграат уште два-три контролни натпревари со поквалитетни противници, додека генералката би требало да биде со пелагонскиот ривал битолски Пелистер, секако во зависност од утрешниот жреб за новата сезона.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.