Стерлинг “пресече” – си оди од Ливерпул

Еден од најдобрите играчи на Ливерпул оваа сезона, напаѓачот Рахим Стерлинг, во наредните неколку денови ќе бара трансфер во друг клуб, пишуваат англиските медиуми.

Овој 20-годишен крилен напаѓач постигна 11 голови оваа сезона, а пред неколку месеци одби нов договор вреден 100.000 фунти неделно.

Стерлинг во петок ќе има средба со менаџерот на тимот Брендан Роџерс и извршниот директор на Ливерпул, на кој и официјално ќе соопшти дека сака да го напушти клубот.

Неговиот актуелен договор вреден 35.000 фунти неделно во врзува за Ливерпул до 2017-та година, а за неговите услуги се заинтересирани Манчестер Сити, Арсенал и Реал Мадрид.

Иако тимот од “Енфилд” инсистира дека нема да го продаде фудбалерот, сепак се шпекулира дека трансферот би можел да изнесува околу 50 милиони евра.